-->

Најголеми зависности: кафе, чоколадо и Фејсбук


Сексот, дрогата и алкохолот повеќе не се помеѓу најголемите зависности. Ги заменија кафето, чоколадото и дружењето на Фејсбук, покажа едно британско истражување.

Модерниот стил на живот донесе со себе и нови зависности. Според истражувањето спроведено на 3.000 испитаници на возраст под 30 години кафето, чоколадото и Фејсбук се најголемите зависности.

Испитаниците требале да одговараат на што најмногу и најчесто ги трошат парите и кои се нивните нови навики со оглед на променетиот стил на живот и од кои работи се одрекле.

Водечкото место помеѓу топ десет зависности, го зазеде кафето, потоа следува чоколадото, а на третото место се најде Фејсбук. Интересно е, но и позитивно, тоа што алкохолот и дрогата не се најдоа помеѓу првите 10 зависности.

На четвртото место е опседнатоста со убавината, односно козметичките третмани и производи. Исто така интересно е што проверувањето на состојбата на банкарската сметка е една од зависностите, што и не толку чудно со оглед на економската криза.

 

Copyright © 2009 selotejp.com