Наградата за најдобар филм на 59-от Меѓународен филмски фестивал во Берлин ја доби перуанско-шпанскиот филм "Млеко на страдањето" на перуанската режисерка Клаудија Лосa.
Станува збор за филм кој ја следи судбината на една перуанска жена која го симболизира страдањето на перуанската нација за време на превирањата, судирите и убиствата кон крајот на дваесетиот век. Филмот ја доби и наградата од Жирито на мешународната критика (FIPRESCI.
Голамата награда од меѓународното жири ex equo им е доделана на два филмови - "Џин" на аргентинскиот режисер Адриан Биниез и "Сите останати" на германската режисерка Марен Аде.
Филмот "Бура" на Ханс-Кристен Шмит за перипетиите околу судењата во Хаг, во кој истакнати улоги имаат шест хрватски актери (Крешимир Микиќ, Кун, Тарик Филиповиќ, Јадранка Џокиќ, Леон Лучев и Маринко Прга) доби 3 посебни награди за најдобар филм, и тоа од Амнести интернешнл, Здружението на германските арт кина и читателите на "Берлинер Моргенпост".
Сребрената мечка за најдобар режисер ја освои иранскиот режисер Асгар Фархади за филмот "О Ели".