Англиските фудбалски клубови на разни начини пробуваат да им помогнат на своите навивачи во времето на светската економска криза.
Како што соопшти управата на клубот од северот на Англија, за следната сезона цените на годишните влезници ќе биде намалена за десет отсто. Пред Њукасл, сличен потег направија Сандерленд, Манчестер Сити и Портсмут, кои ги намалија цените за 16 отсто.
"Во време кога навивачите имаат малку пари, клубовите мораат да препознаат колку се жртвуваат тие луѓе бидејќи и понатаму продолжуваат да го следат својот тим", изјави извршниот директор на Њукасл.
Цената на годишните влезници за следната сезона ќе изнесува 494 фунти (557 евра), додека минатата сезона цената беше 543 фунти (612 евра).
Англиските прволигаши во зимскиот преоден рок потрошија околу 160 милиони фунти (околу 180 милиони евра) на носење нови играчи.