-->

Во Бордел во Чегране откриена и малолетничка


Одделот за организиран криминал поднесе кривична пријава против П.Н.(67) и неговиот син А.Н.(39), двајцата од с.Чегране-Гостиварско за сторени кривични дела „трговија со малолетно лице“ и „криумчарење на мигранти“.

На 16/17.01.2009 година, од страна на полициски службеници е извршена контрола во угостителскиот објект „Линда Експорт-2“ во с.Чегране-сопственост на П.Н., каде се затекнати шест странски државјанки (од кои едно малолетно девојче) на кои претходно им била изречена забрана за влез во РМ, а истите илегално престојувале, како и една македонска државјанка, кои работеле како пеачки во објектот за одреден паричен надомест.

Од преземени мерки и активности е утврдено дека П.Н. заедно со неговиот син А.Н. организирал прифаќање, засолнување и сместување на лицата во објектот, иако знаел дека на истите им е изречена забрана за влез во Р Македонија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com