Љубе Бошкоски, кандидат за претседател на државата, синоќа во Гостивар изјави дека Македонија нема иднина доколку не стане членка на ЕУ и НАТО.
Бошкоски најави дека има решение за спорот со името и оти тоа ќе го спроведе откако ќе стане шеф на држвата. - Мора да се респектира и потребата на некои од граѓаните кои по секоја цена бараат влез на земјава во НАТО. Заради интересите на тие граѓани и за иднината на сите два милиони граѓани, подготвен сум да ја платам таа цена, рече Бошкоски на отворањето на изборниот штаб во Гостивар.
- Настапувам како независен кандидат за да не може некој самопрогласен партиски лидер, да му наредува на претседателот какви одлуки да донесува во клучните моменти, рече тој додавајќи дека на овие избори нема противкандидати.