-->

Џенифер Хадсон прв пат на сцената после семејната трагедија


Неколку месеци после бруталното убиство на нејзината мајка, брат и седумгодишниот внук, пејачката пред полниот стадион во Тампа ги воодушеви присутните со својата изведба на американската химна.

Преполниот стадион Raymond James на Флорида со долги овации го поздрави враќањето на некогашната победничка на Американски идол под рефлекторските светла. Џенифер Хадсон длабоко воздивна и на публиката и оние пред ТВ приемниците им ја пружи една од најдобрите изведби досега изведени на Super Bowl.

Уште од 1991 година, кога на Super Bowl пееше Витни Хјустон, изборот за изведувач на американската химна на отворањето на финалниот натпревар е под посебно внимание на јавноста. На голем број на американски ѕвезди пеењето на химната пред милионите ТВ гледачи на Super Bowl им претставува врв во кариерата.




Реакциите после изведбата на Џенифер Хадсон докажуваат дека продуцентите и оваа година го направиле вистинскиот избор за ѕвезда на вечерта. На полувремето на натпреварот сепак се слушнаа малку поинакви ритмови, на теренот излезе и Брус Спрингстин и неговиот E Street Band.

 

Copyright © 2009 selotejp.com