-->

Четири лица уапсени за перење пари

Поранешниот директор на Јавното транспортно претпријатие Полет од Тетово, неговиот син и две други лица од Скопје и Битола се уапсени за перење пари и злоупотреба.

Трајче Стојановски како директор на Полет без проценка на вредноста одлучил 11 автобуси да бидат продадени како старо железо. Три од нив навистина завршиле така, но 8 автобуси биле препродадени од фирмите во Скопје и Битола за 4 од нив да завршат кај синот на поранешниот директор.

- Изведени се пред истражен судија, а дел од автобусите се запленети и конфискувани - изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Фирмата на синот на поранешниот директор до неодамна вршела транспортни услуги со нелегално купените автобуси.

Штетата од криминалот се проценува на околу 3 милиони денари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com