-->

Што во бракот сакаат мажите а што жените

Многу жени ги исцрпуваат своите вештини до целта – влегување во брак, но она што навистина им е потребно е да станат вистински уметници за да останат во него. Истото е и со мажите кои набрзо ќе сфатат дека шармот и љубовта не се вечни. Решение за среќен брак сепак постои...



Непосредно пред првата светска војна во 1913 година, мудрата британска домаќинка Бланш Ебут објавила минијатурни прирачници за брачниот живот за мажите и за жените. Двете книги имале упатства како во бракот треба да се однесуваат мажите кое секое утро заминуваат на работа за на своето семејство да му овозможат удобен живот, а како жените траба да ги дочекуваат своите мажи во домот, настојувајќи се да им угодат.

Книгите денес се сметаат како класика и школски пример за современите популарни прирачници за однесување. Со оглед на тоа што го издржале тестот на времето, и тоа во променливиот 20 век, денес се подаруваат со желба на младите парови да им се помогне да ги издржат брановите кои ги очекуваат во заедничката пловидба низ животот.

Советите ќе ве изнасмеат, но после кратко време ќе сфатите дека како што вределе некогаш можеби ќе вредат и денес!

За мажите...

- Немојте да го зголемувате бројот на домашни работи со тоа што ќе ги оставате вашите работи наоколу. Ако веќе не сте уредни по природа, барем бидете попустливи заради другите.

- Немојте да бидете премногу намуртени и сериозни. Повремено внесете малку радост во вашиот дом.

- Немојте да се однесувате покровителски. Не сте единствена личност во домот која има мозок.

За жените...

- Немојте на сопругот да му давате стар леб ако сака свеж, но ни свеж ако му предизвикува дигестивни тежини. Имајте на ум што му одговара.

- Немојте да ве бара низ целата куќа. Кога ќе го чуете звукот на вратата, дочекајте го на влезот.

- Немојте да бидете љубоморни на пријателките на вашиот сопруг. Допуштете му понекогаш да отиде со нив на кампување, ќе се врати посвеж и повеќе ќе го цени својот дом.

Советите од пред 100 години имаат безвременска вредност затоа што им препорачуваат на сопружниците подарување на трајно и неминливо внимание, отворено изразување на емоциите и пристојност, и тие заклучуваат дека бракот е заедничка грижа, и не може успешно да функционира ако секој оди по својот пат.

 

Copyright © 2009 selotejp.com