-->

Поради чешки провајдер "падна" дел од светскиот интернет

Чешкиот интернет провајдер „СупроНет“ неодамна предизвикал колапс на дел од светскиот Интернет, пренесува Танјуг.

Компанијата лошо ги извела спојувањата за транзитно приклучување на својот главен провајдер, што предизвикало проблеми во другите мрежи од различни делови на светот, објавено е денеска на веб сајтот www.lupa.cz.

Проблеми со стабилноста на приклучувањето ги зафатиле мрежите во речиси цела западна Европа, а најмногу во Белгија и Шпанија. Проблеми имале и провајдерите преку кои се приклучувале корисниците во САД, Кина, Пакистан или Египет.

Корисниците во Чешка каде проблемот и е создаден, меѓутоа, немале никакви тешкотии при кордитењето Интернет.

 

Copyright © 2009 selotejp.com