-->

Манорексија - машка анорексија

Обично се смета дека анорексијата е нешто на кое е подложен само женскиот пол. Но, се повеќе има и анорексични мажи, па дури се роди и нов термин - манорексија (машка анорексија).

Од манорексија страдаат дури 10% од пациентите со пореметување во исхраната. Исто така, машкиот пол е премногу горд за да го признае проблемот, па се смета дека вистинската бројка е многу поголема.

Исто како и кај жените, овој проблем е највеќе последица на модната индустрија. Имено, многу од девојките страдаат од анорексија поради желбата да станат манекенки или поради страв од губење на манекенската работа. Во почетокот, манекените воопшто не беа под лупа, но подоцна се покажа дека и голем број од нив страдаат од ова пореметување.

Во 2007 година, на ревиите е забрането појавување на манекенки кои носат број нула, и тоа токму поради анорексија. Набргу потоа, донесено е правило и за машките модели - оние чиј обем на струкот изнесува помалку од 70 сантиметри немаат право на излегување на писта (70 сантиметри кај мажите е исто што и бројот нула кај жените).

Статистиката покажува дека во последните пет години, бројот на мажи со манорексија се зголемил за дури 67%. Во Велика Британија се регистрирани дури 20.000 манорексичари.

Симтоми на манорексијата

Изгладнување, доживување на сопственото тело како дебело иако вашата вага покажува килажа помала од просечната во однос на висината, омраза кон сопственото тело, претерано размислување за сопственото тело и неговиот изглед, користење на средства за слабеење, депресија, недостаток на сексуална желба, земање лаксативи и диуретици и изолирање од друштвото се главни знаци на манорексија.

Што да се прави?

Првиот, а воопшто и најтежок чекор е да се признае проблемот. Тогаш е најдобро да се отиде на лекар, кој ќе утврди колкава штета на телото му нанело изгладнувањето. Добро е да се посети и психолог, кој ќе помогне во соочување со проблемот и борба против него.

 

Copyright © 2009 selotejp.com