-->

Потпишување спогодба за ИПА фондовите


Вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален ИПА координатор Ивица Боцевски и Ерван Фуере, шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија, денеска во Владата ќе потпишат повеќе финансиски спогодби кои се однесуваат на користење на претпристапните ИПА фондови.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, станува збор за Националната оперативна програма за Компонента 1 – Помош во транзиција и институционална надградба за 2008 година помеѓу Република Македонија и Европската комисија во рамките на Инструментот за претпристапна помош и за ИПА оперативна пограма за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Македонија. Ќе биде потпишана и Програмата за финансирање на учеството на Македонија во Европската транснационална програма за територијална соработка „Југоисточна Европа “ од Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ) во рамките на компонентата за прекугранична соработка за 2008 година од ИПА.

Потпишувањето на спогодбите следи по усвојувањето на оперативните програми во рамките на Инструментот за претпристапна помош.

 

Copyright © 2009 selotejp.com