-->

„Гаспром“ повторно ќе ја прекине испораката на гас

„Гаспром“ предупреди дека на 8 март повторно ќе ја прекине испораката на гас за Украина, доколку оваа држава не плати долг од 400 милиони долари.

Шефот на финансии во „Гаспром“ Андреј Круглов на состанокот на бордот на директори изрази загриженост за можноста Украина да ја плати февруарската сметка, пишува денеска весникот „Комерсант“.

-Доколку не плати долг од 400 милиони долари до 7 март тогаш ние на 8 март повторно ќе мораме да ја прекинеме испораката на гас за Украина, изјави Круглов.

Русија на 31 декември ја прекина испораката на гас за Украина поради неплатени долгови и цената на гасот, што потоа ја предизвика најголемата енергетска криза во Европа.

Двете земји потпишаа нова спогодба на 19 јануари, по што „Гаспром“ ја обнови испораката.

Украинската државна гасна компанија „Нафтогас“ минатата недела соопшти дека можеби нема да биде во можност да го плати долгот кон „Гаспром“ поради домашните клиенти кои не ја плаќаат сметката за потрошениот гас.

 

Copyright © 2009 selotejp.com