-->

Марадона и Агуеро добија наследник

Леонел Бенџамин Агуеро Марадона се роди вчера попладне во мадридската клиника Monteprincipe de Boadilla. Ништо необично ако не се знае дека тоа е прво дете на фудбалерот на Атлетико Мадрид, Серхио Агуеро и прв внук на светската фудбалска легенда Диего Марадона.



Синот на славниот напаѓач и внук на уште пославниот селектор на аргентинската репрезентација на свет го донесе младата ќерка на Марадона, 18-годишната Џанина. Таа била пренеска во болница со трудови во утринските часови, па поради тоа нејзиниот свршеник Серхио го пропушти тренингот на својата екипа.

Според првите извештаи, раѓањето на малиот Леонел Бенџамин поминал без компликации иако Џанина се породи десетина дена пред прогнозираниот термин. Уште во ноември заврши на интензивна нефа поради проблеми и ризична бременост, па Агуеро тогаш не настапи против Шкотска на дебитантскиот натпревар на Марадона на клупата на “гаучосите“.

“Леонел Бенџамин Агуеро Марадона е роден во 19 часот по средноевропско време и е тежок 3.600 грама. Породувањето го изврши докторката Софија Алкала Љоренте и целиот процес помина без никакви проблеми“, се вели во официјалното соопштение од портпаролот на Агуеро.

Младата двојка е заедно околу една година, а откритието за нивната врска беше една од најсензационалните вести во Аргентина. Денес 49-годишниот Марадона, некогашен врвен фудбалер, постојано ги благословуваше и изјавуваше дека најмногу од се на светот сака да добие внук. Кога ќе се случи тоа, ќе биде најсреќен човек. Во секој случај, малиот Леонел Бенџамин ќе има извонредни фудбалски гени, а како што коментираат некои, ако има барем по половина од својот татко и својот дедо, многу брзо ќе добиеме нова фудбалска легенда.

 

Copyright © 2009 selotejp.com