
Nong Youhui, момче од Кина се разликува од своите врсници по еден детаљ, тој има необични, блескаво сини очи, и со нив може да гледа и во темница, исто како мачка. Тој ги воодушевил докторите откако неговиот татко го однел на тестирања во болница, заради тоа што бил загрижен заради неговите очи.
“И претходно бевме во болница, но ни кажаа дека очите ќе престанат да му светат и дека ќе му станат црни како и кај повеќето кинези. Меѓутоа не се случи, па побарав друго мислење.“- вели таткото на момчето.
Тој го однел во болницата Дехуау, на југот на Кина. Таму му правеле тестови кои ги счудоневиделе докторите. Имено, во потполно замрачена просторија момчето без проблеми читал како останатите луѓе на нормално светло. Експертите сметаат дека се родил со ретка состојба која се нарекува леукодермија. Очите ми се изразено осетливи на светло, па може да гледа и во темница.