-->

Полицијата барала човек под име ’Возачка Дозвола’


Полицијата во Ирска скоро две години безуспешно трагале по Полјакот за кој сметала дека се вика 'Prawo Jazdy', (што на полски значи возачка дозвола).

Заработувајќи повеќе од 50 казни во сообраќајот, Полјакот кој живее во Ирска, за кој полицијата мислела дека се вика 'Prawo Jazdy', направил од полицијата прави магариња. Тие не знаеле дека 'Prawo Jazdy' на полски значи возачка дозвола а не име и презиме на возачот, како што тие мислеле. Тие му испратиле преку 50 казни на тоа име и презиме и на разните лажни адреси кои им ги давал. Дури после две години тие откриле како се ’избламирале’, и што всушност значи 'Prawo Jazdy'.

“Малку е засрамувачки што полицајците две години мислеле дека 'Prawo Jazdy' е личност. Требале подобро да се припремат затоа што потрошиле и време и казни.- стои во полицискиот извештај.

Гласноговорникот на полицијата одбил да го коментира случајот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com