Меѓународниот монетарен фонд очекува извесна стабилизација на светската економија кон крајот на 2009 година, изјави денеска извршниот директор на ММФ Аге Бакер.
- Веќе се гледа „светлина на крајот од тунелот“ изјави Бакер на средбата со студенти од Ереванскиот државен универзитет со оценка дека сегашната светска финансиска и економска криза по димензиите и последиците е најголема од Големата депресија во триесетите години од минатиот век.
- Сега е важно моторите на светската економија како што се Кина и Индија да го одржат темпото на економски раст, потенцира тој.
Тие земји своевремено, биле во зависност од извоз, а сега се принудени да ја стимулираат домашната побарувачка, укажа Бакер додавајќи дека оваа година светската економија ќе бележи раст од 0,5 отсто до еден отсто.