128 особи го загубиле животот, а повеќе од 70 илјади морале да ги напуштат своите домови поради голема елементарна непогода, која кон крајот на 2008 година се случила во бразилската држава Санта Катерина.
Да потсетиме, обилните дождови предизвикале големи поплави и одронување на земјиштето, а дури сега приметиле дека лизгањето на земјата позади себе оставило и еден знак.
Сцената која ја гледате на сликата се наоѓа на брдото познато под името Блумена, а настанало како последица на одрон. Лизгањето на земјата со себе понела многу дрва и формирала крст.
Случајност? Порака? Би можеле да погодуваме до недоглед. Човекова рака, како што убедуваат жителите, таму не пипнала. Имено, како би можеле да имаат кога луѓето тие денови одвај спасувале жива глава.
Крстот на тоа брдо може да се види и ден денес, односно еве како изгледа: