-->

Трошоците за живот во јануари помали од декемвриските

Трошоците за живот минатиот месец биле помали за 0,6 отсто во однос на декември 2008 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Индексот на трошоците за живот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јануари 2009, во однос на декември 2008 изнесува 99.4, а во однос на јануари 2008 изнесува 101.7.

Намалување на индексите е забележано во групите Сообраќај за 3,9 отсто, Домување за 3,4, Облека и обувки и Рекреација и култура за 1,3 и Комуникации за 0,5 проценти.

Пораст на индексите е евидентиран во групите Здравје за 0,7 отсто, Покуќнина, мебел, одржување на покуќнина за 0,6, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,5, Алкохолни пијалаци и тутун за 0,4, Образование за 0,3 и Хотели и ресторани за 0,2 проценти.

 

Copyright © 2009 selotejp.com