-->

Фергусон го исфрли Велбек бидејќи арогантно прослави гол


Младиот напаѓач од Манчестер Јунајтед, Дени Велбек постигна прекрасен гол за Јунајтед во ФА Купот и го прослави на начин кој не му се допадна на Фергусон.

Алекс Фергусон го исфрли од првиот тим младиот Дени Велбек бидејќи својот гол против Дерби го прослави премногу арогантно. Велбек влезе од клупата за резерви и постигна прекрасен гол во победата од 4-1 на неговиот тим против Дерби во ФА Купот.

Потоа 18-годишниот напаѓач се прошета до навивачите, ги исфрли градите нанапред и само мирно стоеше. Прославата, која неодоливо потсетува на она на поранешната ѕвезда на Јунајтед, Ерик Кантона, не му се допадна на шефот на црвените ѓаволи.

Погледнете го голот:



„Алекс беше многу лут поради начинот на кој Дени го прослави голот. Смета дека во прославата имаше премногу ароганција. Тој се уште е дете и Алекс не сака да си мисли дека е поголем од тоа што навистина е. Тоа е лекција која пред него ја научија многумина во Јунајтед“, изјави извор од Олд Трафорд.

Фергусон го означи Велбек како голема идна ѕвезда на Манчестер, но младото момче ќе мора да се стрпи за да дојде времето кога ќе може да ги прославува головите како што тој сака.

Сепак, се чини дека деградацијата во резервниот тим не го погоди премногу бидејќи на мечот за вториот тим постигна два гола. Позитивна реакција би можела да го врати во првиот тим. Само нека се научи да прославува во склад со годините

Првиот гол на Велбек за Манчестер Јунајтед:

 

Copyright © 2009 selotejp.com