Откако 19 годишниот пејач беше уапсен поради физички напад на неидентификувана девојка, американските медиуми тврдат дека девојката која заврши во модрици не е никоја друга, туку токму неговата девојка Ријана.
Како што тврди Los Angeles Times, повикувајќи се на полициски извори, претепаната девојка поради која Крис Браун е уапсен е неговата девојка Ријана.
Браун и Ријана во неделата наутро наводно имале жестока расправија во неговиот автомобил. Откако Браун го запрел автомобилот, двајцата излегле надвор и расправијата ескалирала.
Сведок повикал полиција, но Браун киднал пред нејзиното пристигнување. На девојката и се констатирани видливи физички повреди.
Подоцна, пејачот самиот и се предал на полицијата, каде по разговорот е пуштен со кауција од 50.000 долари.
Поради инцидентот и двајцата на само неколку часа пред доделувањето, ги откажаа настапите на Греми.