-->

Нов рекорд на "Темниот витез"

Најновиот филм за Бетмен низ светските кино благајни заработи повеќе од една милијарда долари и така влезе во ексклузивниот клуб на милијардери како четврт филм во историјата на кого тоа му успеало.

Warner Brothers објавија дека филмот на Кристофер Нолан со Кристијан Бејл и постхумниот оскаровец Хит Леџер низ светот заработил импресивни милијарда и еден милион долари.

Претседателот на американската дистрибуција на WB изјави дека не можат да бидат погорди на "The Dark Knight".

"Им честитаме на филмаџиите, на екипата и актерите кои се дел од создавањето на филмската историја", изјави тој.

Филмот за суперхеројот Бетмен, алтер-егото на билионерот Брус Вејн со заработката која доликува на имагинарното конто на својот главен јунак влезе во големата четворка на филмови кои ја преминале магичната граница од заработени милијарда долари. Листата убедливо сеуште ја предводи "Titanic" (1.84 милијарди $), а далеку зад него се "The Lord of the Rings: Return of the King" (1.13 милијарди $) и "The Pirates of the Carribean:Dead Man's Chest" (1.06 милијарди $).

 

Copyright © 2009 selotejp.com