Кога ќе ве фати летаргија или апатија, мислите дека е невозможно да излезете од таквата ситуација. Тогаш е најлесно да се препуштите на досадата и очајот, и да се надевате дека сето тоа ќе помине. Но на тој начин не се решаваат проблемите. Еве неколку предлози кои можат да ве разбудат кога се чувствувате немотивирано и бедно:
Пуштете добра музика
Повишете го тонот на музиката – сигурно ќе ви ги разбуди емоциите и ќе ја растресе енергијата во вас. Слушајте песни кои „креваат“ најгласно што можете, па можеби и малку ќе заиграте.
Насмејте се
Насмевката е одличен лек за зимски блуз, депресија, очај. Не само што ја зајакнува будноста туку го стимулира и лачењето на ендорфинот. Читајте нешто смешно, гледајте хумористични клипови и пуштете ги добрите емоции да ве покренат на акција.
Измијте ја летаргијата со вода
Туширањето може набрзина да ве расположи и наполни со енергија. Користете некој освежувачки гел за туширање и пуштете малку поладна вода од обично. Замислете како водата ја мие и ја носи надвор од вас вашата апатија.
Излезете на свеж воздух
Брзата прошетка на свеж воздух исто така е одличен начин да се наполните со позитивна енергија. Додека пешачите, концентрирајте се на мускулите и замислувајте како воздухот ги трга сите негативни емоции кои се насобрале во вас.
Длабоко дишете
Длабоките вдишувања и издишувања можат да бидат одличен начин да се разбудите. Сместете се удобно, и неколку пати полека длабоко вдишете и издишете. Замислете дека вдишувате позитивна енергија, и дека ја исфрлате летаргијата и се што ве депримира.
Мотивацијата е желба да превземете нешто и да бидете продуктивни, без разлика дали се работи за професионални или домашни обврски, или постигнување на некои други цели. Одлучете дека мора да станете, да се движите и да бидете активни. Тој симболичен напор може да претставува силен мотиватор.