-->

Парчиња од сателитот паѓале врз Тексас?

Властите во Тексас примиле голем број на известувања и сведочења за огнени топки и откршоци кој паѓале насекаде во оваа американска држава, а што се поврзува со неодамнешната колизија на сателитите.



Локалната телевизија го снимала маратонот во тексашкиот град Аустин и случајно регистрирала огнена топка која паѓала од небото. Случајот го забележале и голем број на граѓани. Портпаролот на полицијата изјавил дека службите за безбедност се на терен и дека го истражуваат местото на можниот пад на парчето.

Играчи на гол од локалниот клуб во Аустин, тврдат дека виделе нешто како паѓа од небоставајќи траг од пламен зад себе. Еден човек изјавил дека тоа изгледало како светечка топка со огнена опашка.



Но, надлежните во Америка сметаат дек забележените парчиња над Тексас не можат да се поврзат со судирот на сателити кој се случи минатиот вторник. Директорот на Руската контрола на летови изјави дека тие откршоци од колизијата уште илјадници години ќе кружат околу земјата заканувајќи се на сигурноста на стотиците други сателити.

 

Copyright © 2009 selotejp.com