-->

Бесот може да не убие

Досегашните истражување покажуваат како војната, земјотресите, па дури и изгубеното светско првенство во фудбал може да не убие. На листата на новите непријатели се наоѓа бесот и лутината, силните емоции можат да бидат опасни па дури и смртоносни за нашето здравје.



Секојдневните стресни ситуации кои често во нас предизвикуваат бес и лутина, би требало да се избегнуваат по секоја цена. Силните емоции се опасни по живот, посебно кај луѓето кои боледуваат од некои срцеви заболувања.

“Резултатите на истражувањата се покажаа како шансите за изненадна смрт се зголемуваат кога ќе ги изложите луѓето на стрес, нашата студија проучува како стресот влијае на електричниот состав на срцето.- изјавила др. Рејчел Ламперт, од универзитетот во Јеил.

Истражувањето спроведено на 62 пациенти со срцеви болести. Тие учествувале во вежби во кои се присетувале на последниот испад на бес, додека докторите ја следеле електричната стабилност на срцето.

Поделени во групи, пациентите добиле прашања со кои се оживеани нивните сеќавања на ситуации во кои биле бесни. Докажано е дека лутината и бесот ја поттикнуваат големата нестабилност на ритамот на срцето кај набљудуваните пациенти.

“Пациентите во кои се насобрала голема количина на лутина беа изложени на десет пати поголема можност за удар, од сите останати кои боледуваа од иста болест.“- изјавила докторката.

Лутината може да биде смртоносна, во случај на оние кои боледуваат од болест на срцето, таа влијае на електричниот состав на срцето кој може да предизвика смрт.

Изненадниот застој на срцето е многу честа појава во Америка, каде секоја година од застој на срцето умираат 400 илјади луѓе.

 

Copyright © 2009 selotejp.com