На забавата по доделувањето на Греми наградите, Парис Хилтон му пришла на легендарниот Пол Макартни и му предложила музичка соработка, односно да снимат дует.
Хех, ако ништо друго, заслужила пофалба за големата храброст, бидејќи сигурно не е едноставно да му се пријде на легендарниот член на Битлси и да му се понуди снимање дует. А му влетала токму вака:
"Би сакала да снимам дует со вас. Јас сум и пејачка и имам снимено албум", гугнала Парис, по што Пол Макартни останал без зборови. Но, откако дошол при себе, пристојно и одговорил дека мора да го провери својот густ распоред.