И BenQ го претстави својот all-in-one компјутер. Моделот i91 е првиот модел од nScreen серијата на ваквите компјутери кој може да се пофали со 18,5 инчен 16:9 екран, вграден AMD Sempron 210 U процесор, 1GB меморија, тврд диск со капацитет од 160GB, вграден читач на мемориски картички и интегрирана веб камера.
Од BenQ велат дека нивниот all-in-one компјутер е едноставен за употреба и е наменет за масовниот пазар. Она што е посебно интересно е тоа дека неговата просечна потрошувачка на енергија е околу 80% помала од десктоп копјутерите, а веќе може да се најде во продавниците низ Азија и Австралија по цена од околу 517 долари.
И додека го очекуваме и на нашиот пазар, да спомнеме и дека BenQ планира да претстави 21 инчен модел од истата серија.