-->

Сериозен пропуст во Acrobat Reader

Од таборот на Adobe, компанијата која стои зад Acrobat Reader, доаѓа препораката кон корисниците привремено да ја исклучат можноста за извршување на JavaScript во овој софтвер.

Според наодите на Adobe, злонамерните хакери започнале да искористуваат еден сериозен пропуст во Adobe Acrobat Reader, кој конечно може да доведе до потполно превземање на компјутерот на корисникот од некоја далечна локација.

Како што известува стручњакот на Symantec Патрик Фицџералд, нападот се дистрибуира во .pdf датотека, која откако корисникот ќе ја отвори го искористува споменатиот пропуст во Acrobat Reader и го отвора компјутерот за неовластени напади.

Со овој пропуст се погодени верзиите на Adobe Acrobat Reader 9 и тие пред неа, Adobe Acrobat Standard, Pro, Pro Extended 9 и сите постари верзии. Од компанијата најавија дека ќе понудат решение за спомнатиот пропуст до 11-ти март оваа година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com