-->

САД на Палестинците во Газа ќе им доделат 900 милиони долари

САД планираат да одделат над 900 милиони долари за обнова на појасот Газа по израелската инвазија и за зацврстување на палестинската автономна управа, поддржана од Западот, денеска соопшти американски претставник, пренесува ИТАР-ТАСС.

Средствата ќе бидат доделени со посредништво на ОН и други организации, што ги помагаат палестинците. Тие нема да се распределуваат преку палестинското исламистичко движење Хамас, кое ја контролира Газа, посочи изворот кој посакал анонимност, бидејќи официјална изјава за ова прашање се очекува идната недела да даде американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која ќе учествува на меѓународна донаторска конференција за Газа во Египет, прецизира агенцијата.

На почетокот на месецот претседателот Барак Обама потпиша наредба за доделување 20,3 милиони долари помош за палестинското население во Газа, истакнувајќи дека овој чекор одговара на националните интереси на САД, потсети ИТАР-ТАСС.

 

Copyright © 2009 selotejp.com