-->

Пукотници на улична парада во Њу Орлеанс, 7 ранети меѓу кои и дете

САД, 25 февруари, (Нетпрес) - Седум лица, меѓу кои и едно дете, биле ранети вчера кога две непознати вооружени групи почнале да пукаат за време на “Марди Грас“ парадата, во познатата улица Бурбон во Њу Орлеанс, САД, објавува новинската агенција Асошиејтед Прес (АП).



Според очевидци, двете вооружени групи одненадеж се појавиле на улицата и почнале да пукаат кон толпата луѓе. По инцидентот, што го предизвикале, вооружените напаѓачи побегнале. За среќа во пукотниците на “Марди Грас“ парадата немало тешко ранети и настрадани.

 

Copyright © 2009 selotejp.com