-->

Одбележана 65-годишнината од Февруарскиот поход

Со поставување нова спомен-плоча во селото Бајково кај струмичко Ново Село, каде што пред шест и пол децении престојувала третата група баталјони на македонските партизански единици, беше одбележана 65-годишнината од Февруарскиот поход.

Пред спомен-плочата беше положено цвеќе и изведени рецитал и пригодна реч посветени на Февруарскиот поход, една од најмасовните борбени операции на македонската народноослободителна војска во Втората светска војна.

На свеченостa присуствуваа претставници на општинските организации на Сојузот на борците од Струмица и Ново Село, граничната полиција, како и наставници и ученици од ОУ „Мануш Турновски“ од Ново Село.

 

Copyright © 2009 selotejp.com