-->

Студент ја платил школарината за факултет со 5 тони портокали


Еден студент од Кина немајќи друг начин како да ја плати школарината за на факултет, го послушал советот од татко му, да проба да ги продаде 5 - те тона портокали на факултет.

Wu Xiaobin судент од Кина, немал пари за да ја плати школарината за да ја запише наредната година, на факултетот во градот Hangzhou. Тој бил очаен бидејќи не знаел што да прави. Но, неговиот татко го известил дека тие имале одлична берба на портокали, но дека не успеале да ги продадат сите. Тој му понудил една третина од 15 тона портокали за да проба да ги продаде на факултетот. Студентот од својот роден крај дошол со два камиони со пет тони портокали и ги паркирал пред универзитетот. Благодарејќи на локалните медиуми, кои ја прошириле приказната, Кинезот успеал за само еден час да ги продаде портокалите, и да ја запише годината на факултетот.


 

Copyright © 2009 selotejp.com