Плејмејкерот на Мајами Двејн Вејд постигна 50 поени против Орландо, но сепак Мајами доживеа убедлив пораз (99:102) бидејќи сите негови соиграчи заедно постигнаа 49 поени.
На гостувањето во Орландо, Вејд постигна личен рекорд,а воедно стана и седмиот играч кој во сезоната постигнал повеќе од 50 поени. ЛИдер на оваа листа е Коби Брајант со 61 кош.
Најдобар поединец во победничкиот тим беше центарот Двајт Хауард со 32 коша.