Автобус, полн со патници, падна во река во индискиот дел на Кашмир. Во несреќата 33 лица загинаа, а 19 се повредени, соопштија агенциите.
Несреќата се случи на околу 170 километри североисточно од градот Џаму.
Автобусот излетал од патот и паднал во брзата река Ченаб од височина од 76 метри.
Причина за несреќата се уште не е позната, но автобусот со 32 места за седење, бил претоварен.
Патните сообраќајни несреќи со голем број жртви се честа појава во Индија. Во повеќето случаи тие се причинети од неразумно возење, претовареност и поради стари автомобили.