-->

Чудовиштна змија од 30 метри ги вознемирила граѓаните во Борнео

Според легендата Набау е име на страшна змија, подолга од 30 метри и со глава налик змеј.



Но, мештаните кои живеат во близина на реката Baleh, на островот Бормео, повторно почнале да веруваат во постоење на митското чудовиште, откако фотографијата што потсетува на гигантска змија се појави во јавноста.

Фотографијата која ја снимил член на надзорниот тим за следења на поплави во регионот, предизвикала голема дебата за тоа дали се работи за реална снимка или се е дело на некој шегобиец кој се послужил со Фотошоп. Дури и угледните весници како 'New Straits Times' од Куала Лумпур на своите читатели им поставиле анкета дали сметаат дека се работи за чудовиште или се работи за нешто друга. Мештаните кои тврдат дека виделе змија велат дека таа го добила името Набау по древната морска змија која се трансформира во различни животни.

Луѓето кои ја проучувале фотографијата, ги отфрлиле претпоставките дека можеби станува збор за глисер, заради премногу закривената насока на пловидба. Најчеста претпоставка била дека можеби фотографијата е компјутерска обработка. Но сепак локалните жители тврдат дека огромната змија постои, велат дека фотографиите за суштеството снимени на различни делови на реката докажуваат дека тоа навистина егзистира.

На почетокот на овој месец научниците откриле фосили на змија убиец која била подолга од автобус, тешка колку помал автомобил, и дека може да проголта плен во големина на крава. Чудовиштето долго околу 15 метри наречено Титанобоа, било толку големо што се хранело со крокодили и големи желки. Живеела во тропски шуми во Јужна Америка пред 60 милиони години.

 

Copyright © 2009 selotejp.com