-->

Момче кое го крстиле ’Боч РВФ 26062002’ неможе да добие извод од книгата на родени


Властите во Москва одбиле да издадат извод од матична книга на родените на 6 – годишно момче кое родителите го крстиле ’Боч РВФ 26062002’, известуваат руските медиуми.

Службениците одбиле да го запишат неговото има кои е руска кретенка за ’примерок на човечки вид роден во семејството Вороњин – Фролов на 26 јуни 2002 година’, за да ги заштитат интересите на момчето.

“Тоа е сторено за да се заштитат интересите на момчето“- изјавила претставничката на Матичната служба, Татијана Ушакова. “Неговите родители треба да размислат за тоа како момчето би живеело со тоа име.“

Иако во Русија не постои закон за забрана на давање на чудни имиња на децата, во овој случај барањето на родителите е одбиено. Ушакова изјавила дека неговите родители се обратиле до Европскиот суд за човечки права во Стразбур, но дека и тој суд ја одбил нивната жалба.

 

Copyright © 2009 selotejp.com