-->

Убеден е дека влакната од 25 сантиметри во ушите му носат среќа

Индиецот Radhakant Baijpai, е светски рекордер, со најдолги влакна во ушите. Иако неговата сопруга го преколнува да ги исече, тој не сака ни да чуе за тоа, затоа што верува дека му носат среќа.



Гинисовата книга за рекорди во 2003 година, официјално го прогласила Radhakant Baijpai (58), за сопственик на најдолгите влакна во ушите. Тогаш тие биле долги 13,2 сантиметри. Radhakant Baijpai, од индиската држава Uttar Pradesh дека влакната во ушите се симбол на среќа и благосостојба. Тој никогаш не ги скратил, тие почнале да му растат од неговата 18 – та година. Но тој се грижи за нив, ги мие со специјален шампон. Меѓутоа неговата сопруга не смета дека тие се симпатични, и постојано го моли да ги исече.

„Сега веќе не ми приговара толку многу, затоа што ме призна и Гинисовата книга. Тие се моја гордост.“

Тој е сигурен дека тие му помогнале да дипломира на факултет. Мисли дека благодарејќи на нив тој ја запознал својата сопруга. И сериозно внимава случајно да не скине некое влакно.

„Многумина се обидоа да ме ’престигнат’, но не им успеа.- додал тој.

Тој сега ја чека официјалната потврда за 25 сантиметри, новиот стандард за влакна во ушите. Тој е горд што и неговиот 25 – годишен син исто така ги пушта влакната во ушите, следејќи ги неговите стапки.

 

Copyright © 2009 selotejp.com