-->

Индексите на Вол Стрит опаднаа на ниво од 1997 година

Главните американски берзански индекси опаднаа до најниското ниво од повеќе од една деценија.

При затворањето на тргувањето на Њујоршката берза индустрискиот индекс Дау Џонс се намали со над 250 процентни поени или за 2,93 проценти и изнесува 7.114 - што е најниско ниво од 7 мај 1997 година.

Индексот Стандардс енд Пурс 500 регистрира пад од 22,12 процентни поени, или ,87 проценти на 747 - ниво до кое не опаднал од 11 април истата година.

Индексот на високотехнолошките компании Насдак се намали за 53 процентни поени на 1.387.

 

Copyright © 2009 selotejp.com