-->

После 19 минути солариум завршила во болница со изгореници од прв степен

Девојчето прво се сончала 4 минути, но не била задоволна со резултатот, па доплатила за уште 15 минути, после што завршила во болница со изгореници.



Кристи Мекри (14) завршила во болница со изгореници од прв степен на 70% од телото, откако се сончала во солариум. Кристи отишла во познатиот салон Lextan, и ставила 1 фунта во апаратот. После четири минути таа не била задоволна со бојата па ставила уште три фунти за дополнителни 15 минути сончање. Таа го напуштила салонот со големи изгореници на грбот, а четири часа подоцна завршила во болница. Докторите морале да и дадат инфузија затоа што дехидрирала. Нејзината мајка за се го обвинила салонот, затоа што никој не проверува дали девојчињата имаат повеќе од 16 години.



“Кристи е делумно виновна, но салоните воопшто не обрнуваат внимание колку пари луѓето ставаат во апаратите. Секој може да се сонча колку сака и да се здобие со изгореници. - изјавила мајката на девојчето.

Сопственикот на салонот изјавил дека е загрижен за девојчето, но дека тој работи во согласност со законот.

“Јас не сум виновен затоа што луѓето намерно ги игнорираат предупредувањата кои се залепени насекаде низ салонот.- изјавил сопственикот.




 

Copyright © 2009 selotejp.com