-->

Син дијамант продаден за 16 милиони фунти


Многу редок син дијамант од 17 век е продаден за 16, 39 милиони фунти на аукцијата организирана од куќата Кристи. Тоа е светски рекорд во цената за дијамант или за некој друг накит што некогаш бил продаден на аукција.

Дијамантот Вителсбах, од 35,56 карати, во средата за прв пат после 80 години е понуден на лицитација, а го купи колекционер на дијаманти од Лондон.


Синиот Вителсбах беше во сопственост на шпанскиот крал Филип Четврти, кој и го даде на нејзината ќерка Маргарета Тереза (1651-1673) како дел од миразот кога се мажела за австрискиот цар Леополд I во 1664 година.


 

Copyright © 2009 selotejp.com