Преработката на славниот хорор која низ американските кино-сали премиерно беше прикажана во петокот, го сруши рекордот на викенд заработувачката на хорор филмовите во САД, забележувајќи профит од 42 милиони долари.
"Friday the 13th" се најде на врвот на американскиот бокс-офис за штотуку завршениот "валентиновски" викенд оставајќи ја зад себе романтичната комедија "He s Just Not That Into You" која во втората недела на прикажување падна на второто место, додека на третото место се наоѓа трилерот "Taken" со Лиам Нисон.
Дизниевиот "Confessions of a Shopaholic" со заработка од "само" 15 милиони долари се наоѓа на четвртата позиција, а првата петорка се заокружува со анимираниот филм "Coraline", инаку втор филм со младата Дакота Фенинг во првите 10 (нејзиниот "Push" е на 10-та позиција).