-->

Најголемите тајни на светот - 101 прашање, BBC дава одговор на нив

Зошто сумо – борачите се дебели, зашто сме гладни, како функционира вијарата и од што се состои вселената се само дел од некои прашања во магазинот на BBC.

На разни прашања за животот, човечкото тело други прашања беа да дени одговори во магазинот на BBC. Ова се само дел од нив.

Од што се состои вселената?

Една од најголемите мистерии е од што е создадена вселената. Истражувањата укажуваат на тоа дека вселената се состои од темни материи за кои астрономите и всушност немаат поим што се.

Зашто сумо – борачите се толку дебели?

Всушност е многу едноставно. Колку е човекот потежок толку му е полесно да се избори со друг човек што е главна цел на сумо – борењето. Најтешкиот сумо – борач има 267 килограми.



Зашто сме гладни?

Хипоталамусот во мозокот добива информации за тоа дали желудникот е полн или не е. Гладот е поврзан и со хормоните кои го контролираат. Тоа се инсулинот и грелинот. Нивното ниво се менува како што се менуваат нивоата на хранливите материи во крвта и во дигестивниот систем.

Како функционира вијаграта?

Со земање на вијагра при сексуално возбудување, артериите на пенисот се опуштаа и шират поради што доаѓа до повеќе крв во пенисот и се постигнува ерекција, така што артериите се шират и зацврстуваат, поголем притисок на вените кои инаку ја спроведуваат крвта, поради што крвта се задржува во пенисот. Што повеќе крв доаѓа до пенисот, а се помалку истекува, овозможува посилна ерекција.

Зашто мувите се собираат на смрдеа?

Кога органската материја, било животинска или растителна почнува да се распаѓа станува мека и влажна и тоа е идеално место за размножување на мувите. Тие ги положуваат јајцата кои понекогаш се изведуваат за 12 часа.

Зашто гледаме ѕвезди кога ќе ја удриме главата?

Ѕвездите всушност се неврони во мозокот кои се ’палат’ спонтано. Тоа се случува поради нагли промени на нивото кислород кое може да дојде заради нагло станување или удар во главата. Мозокот тоа пукање на неврони го покажува како светло па нас ни се причинува дека гледаме ѕвезди.

 

Copyright © 2009 selotejp.com