Екстремни преселувачи
Никогаш не ги изнајмувајте овие момци ако сакате да ги преместите вашите скапоцени предмети.
Олимписките игри 2016 година во Рио де Жанеиро
Летните олимписки игри 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, одлучија членовите на Меѓународниот олимписки комитет на седницата која денеска се одржа во Копенхаген.
Рио ја доби довербата на членовите на МОК пред Мадрид, Токио и Чикаго, кои му беа конкуренти. Најголемото изненадување се случи во првиот круг од гласањето, по кое од конкуренција испадна првиот фаворит, Чикаго.
За кандидатурата на американскиот град не помогна ниту претседателот на САД Барак Обама, кој присуствуваше на гласањето во Копенхаген.
Во вториот круг од трката испадна Токио, па во финалето останаа Рио де Жанеиро и Мадрид. Повеќемина од 95-те делегати на МОК, колку што гласаа, довербата му ја дадоа на бразилскиот град, па за прв пат во историјата Олимпиките игри 2016 година ќе се одржат во една јужноамериканска држава.

Пад во вода од 20 метри на грб
Ако имате прекин на крвните садови на вода, тогаш знаете дека сте направиле нешто лошо.
Девојче ја ставило баба си на аукција
Интернет страницата за онлајн аукција „eBay“ го повлече огласот на десет годишното девојче од Велика Британија, кое сакало да ја продаде својата баба.
Зои Пемблтон ја ставила својата 61-годишна баба на продажба, наведувајќи дека „повеќе не може да го поднесе нејзиното постојано приговарање, нејзините изливи на нежност и нејзината посветеност на решавањето крстозбори“.
Девојчето не назначило почетна цена, но и пристигнале 27 понуди, од кои највисоката изнесувала две илјади фунти, пред „eBay“ да го повлече огласот.
- Имаме строги правила кога станува збор за продавање луѓе, се наведува во соопштението на „eBay“, во кое се додава дека огласот не бил ставен со зла намера и оти бабата била запознаена со неговото постоење.

Зелениот чај штити од рак на желудник
Жените кои секојдневни пијат најмалку 5 филџани зелен чај во просек имаат за 20 отсто помал ризик да заболат од рак на желудник, сугерира последното јапонско истражување.
Експертите од токискиот Национален центар за рак, истакнуваат дека консумирањето зелен чај го нема истиот ефект кај мажите.
Новите наоди се темелат врз анализа на шест претходно спроведени истражувања во кои учествуваат 219.000 испитаници постари од 40 години. Учесниците во студијата се следени во период од седум до 11 години.
Научниците во стручниот магазин „Gut“ добиените наоди ги објаснуваат со влијанието на антиоксидансите во зелениот чај врз бактериите кои се поврзуваат со појавата на рак на желудникот.

Новата песна на Џексон ќе излезе во октомври
„This is it“, новата музичка нумера на Мајкл Џексон ќе биде објавена како сингл на 12 октомври, најавуваат од компанијата Sony Music Entertainment.
Песната во која како бек-вокали се појавуваат браќата на Мајкл, ќе биде дел од двојното CD во кое ќе има музика користена во филмот „This is it“.
Албумот ќе се појави на 26 октомври. На првиот диск ќе се најдат двете верзии од споменатиот сингл и обработките на оригиналните хитови кои беа прилагодени за филмот. На второто CD ќе се најдат досега необјавените песни на кралот на поп музиката.
Филмот „This is it“ својата премиера ќе ја има на 28 октомври.

Цврсти докази за вода на Месечината
Три посебни мисии кои ја истражуваат Месечината, на овој сателит на Земјата, пронајдоа вода на половите. Се претпоставува дека водата ја создаваат соларните ветрови.
Откритието кое ќе биде објавено во магазинот „Science“, покажува дека водата активно се движи по површината на Месечината, формирајќи се и разделувајќи се при мешање со честичките прашина.
Научникот Карла Питерс од Универзитетот Браун од Роуд Ајленд, која ги проверила податоците со индиската мисија Chandraayan пронашла спектографски доказ за постоење вода, за која се чини дека е погуста на половите.
- Кога велиме „Вода на Месечината“ не зборуваме за езера, океани, па дури ни бари. Вода на Месечината значи молекули на вода и хидроксил (хидроген со оксиген) во интеракција со молекулите од карпите и прашината од милиметарскиот слој на површината, објасни Питерс.
- Голема е веројатноста подоцна да се откријат „повлажни“ површини на Месечините. Можеби највредниот резултат од ова откритие е поттикнување на критичко преиспитување на тезата дека Месечината е сува, бидејќи не е, вели Пол Лусиј од Универзитетот во Хаваи.

Македонија домаќин на земјоделски арт фестивал
Студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна, од денеска до 9-ти овој месец, ќе бидат домаќини на третиот ИААС Арт фестивал, кој претставува платформа за културна размена ...
... меѓу земјите учеснички и можност за промоција на Македонија, на македонската култура, уметност, храна и обичаи.
На фестивалот, што ќе го отвори деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје Драги Димитриевски, покрај домашни, ќе учествуваат и повеќе од 40 странски претставници.
Арт фестивалот прв пат се одржа пред две години во Анкара, Турција, а минатата година домаќини беа студентите од Илиноис, САД.
Националниот комитет ИААС-Македонија за годинашниов фестивал подготвува програма во чии рамки учесниците од повеќе земји ќе можат да ги истражат убавините на Македонија.
Студентите кои ќе учествуваат на фестивалот своите уметнички таленти ќе ги покажат во неколку уметнички колонии.
Главен мотив и инспирација на фотографиите, сликите и поезијата, според организаторите, ќе бидат недопрените убавини на Македонија, како што се мегалитската опсерваторија Кокино, камените фигури од Куклица, Кратовско, манастирот Св. Тројца во село Скачковци, Колешинските и Смоларските водопади, Дојранско езеро, каде што гостите ќе се запознаат со традиционалниот начин на риболов, Тиквешкиот и Повардарскиот регион, каде што се планирани посети на неколку винарски визби и на земјоделско-прозиводни капацитети.
ИААС е Меѓународно здружение на студентите по земјоделство и сродни науки, основано во 1957 година во Тунис, чии комитети се раширени во универзитети во над 40 земји низ целиот свет. Националниот комитет на ИААС Македонија е основан во 1998 година на Земјоделскиот факултет во Скопје.

Почина Коле Чашуле
На 88 години вечерва почина македонскиот романсиер, драмски писател и публицист Коле Чашуле.
Тој е роден во Прилеп во 1921 година. Чашуле бил директор на радио Скопје, уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“, и директор на драмата при Македонскиот народен театар.
Еден е од иницијаторите за формирање на друштвото на писателите на Македонија, а бил и негов претседател. Член е и на Македонскиот Пен центар. Во 1946 година Чашуле е член на судскиот совет што го осудува Методија Андонов - Ченто на 11-годишна затворска казна.
Чашуле бил конзул во Канада и амбасадор во Боливија, Перу и во Бразил.
Негови најпознати дела се драмите - Една вечер (1948), Последните гаврани (1950), Задруга (1950), Вејка на ветрот (1957), Бразда (1958), и Црнила (1960), романи - Простум (1970),и книги раскази - Првите дни (1950).

Победете го стресот со диња
Истражување на француските научници покажало дека ензим присутен во дињите може да биде навистина ефикасен во борбата против стресот.
Станува збор за делувањето на ензимот супероксид дисмутаза, веќе познат по антиоксидативниот заштитен ефект на ткивата во организмот.
Се покажало дека испитаниците кои добиле капсули со овој ензим имаат значително помалку симптоми на стрес и замор отколку оние кои добиле плацебо.
Земањето на ензимот било поврзано со значително подобра концентрација, намалена раздразливост и подобрување на квалитетот на сонот. Во истражувањето учествувале 70 испитаници.

Французин на лотарија освои 100 милиони евра
Играч од југот на Франција на извлекувањето емитувано на приватната ТВ станица TF1 во петок навечер освои 100 милиони евра, поставувајќи го рекордот во добивка на лотаријата Euro Millions во Франција.
Претходниот рекорд во Франција го држел играч од париската регија, кој во 2005 година освоил нешто повеќе од 75 милиони евра.
Добитникот од петокот е единствен кој ги погодил сите седум броеви од првиот ред на Euro Millions, европска лотарија која опфаќа девет земји: Франција, Велика Британија, Ирска, Шпанија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Луксембург и Австрија.
Историскиот рекорд на Euro Millions го држи од 8 мај 2009 година, учесничка од Шпанија која освои 126.231.764 евра.

Лошо паѓање на скејтер
Се надеваме дека овој дечко не планира да биде родител, бидејќи тој ја изгуби неговата способност да има деца.
Бродот "Илинден" извлечен од вода
По 14 дена изминати на дното, бродот „Илинден“ денеска е извлечен на површината на Охридското Езеро и се наоѓа на стотина метри до брегот.
Одвлекувањето на „Илинден“ до каналот Студенчишта најверојатно ќе се врши друг ден, за што ќе биде ангажиран брод на Министерството за внатрешни работи.
Активностите околу извлекувањето на „Илинден“ се одвиваа согласно строго утврдена процедура и план изготвен од страна на екипата на специјализираната компанија „Дубина“ - хрватската фирма за подводни активности ангажирана за извлекување на бродот од дното на езерото.
Експертите на сплитската фирма извлекувањето на бродот го извршија со специјални каиши и воздушни балони.
Комисијата, што беше формирана од страна на Министерството за транспорт и врски за утврдување на причините за несреќата, инсистираше целиот процес на извлекување на бродот од дното на езерото да го врши фирма специјализирана за такви активности, за да се избегнат какви било оштетувања на бродот што би и наштетиле на истрагата.
Бродот „Илинден“ потона на 5 септември кај Авто-кампот „Елешец“, при што со себе однесе 15 животи. Сите жртви беа туристи од соседна Бугарија.

Претплати се на:
Објави (Atom)